Започнува изградба на повеќенаменско игралиште во Алданци

Во населеното место Алданци започнува изградба на повеќенаменско игралиште.

„Започнува изградба на спортско повеќенаменско игралиште во с. Алданци. Работиме насекаде низ општината и претходно овде реконструиравме улици, чистевме канали, изградивме детско игралиште и друго. Продолжуваме понатаму.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.