Се асфалтира „долната“ улица во Норово

Продолжува реконструкцијата на патот стопанство – Алданци – Норово со асфалтирање на т.н. „долна“ улица во с. Норово која всушност беше само кал и прашина.

Асфалтирањето на оваа улица е дел од реконструкцијата на регионалниот пат стопанство – Алданци – Норово во изведба на Јавното претпријатие за државни патишта и општина Крушево. Сумата за проектот изнесува 20 милиони денари, а истиот е дел од годишната програма за работа на ЈПДП.