Се решава проблемот со водоснабдување во Јакреново, објавен нов тендер

Општина Крушево го објави огласот за јавна набавка за водоснабдување во с. Јакреново, прва фаза главен довод крак 1.

Овој тендер се однесува на реконструкција на постојна каптажа и изградба на цевковод со пропратни објекти.

Овој проект е 1-ва фаза од целосно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето на ова населено место, а во тек е аплицирање за изградба на резервоар.

Проектот се имплементира преку Министерството за животна средина.

Целосниот оглас погледнете го ТУКА.