Продолжува уредувањето на полетувалиштето на Мечкин Камен

Продолжува уредувањето на полетувалиштето за параглајдери и змајари на Мечкин Камен на кое ќе биде поставена нова вештачка трева со двојно поголеми димензии.

Градоначалникот беше на увид во работите и од таму најави дека општината се подготвува за Светското првенство во змајарство 2021 година.

„Мечкин Камен денес е претворен во огромно градилиште.
Се подготвуваме за Светското првенство во змејарство кое ќе се одржи во 2021 година, и полетиштето го подготвуваме за меѓународни натпревари, како и за главен тренинг центар од светски рамки. “, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.