Нема место за паника, општината ги презема сите препорачани мерки

Почитувани,

Во општина Крушево по извесно време имаме два нови случаи на коронавирусот. Како градоначалник на општина Крушево сакам да ги уверам моите сограѓани дека нема место за паника и дека ги преземаме сите мерки во насока на справување со вирусот.

Општинскиот штаб за заштита и спасување заедно со ОВР Крушево и здравствениот дом во Крушево ги преземаат сите превентивни мерки и активно работат на почитување на препораките и задолженијата дадени од Владата.

Ги повикувам сите да се воздржат од јавни настапи на социјалните мрежи кои можат да создадат непотребна паника кај граѓаните. Во овој момент гласот од здравствените власти треба да биде најгласен и да останеме обединети во оваа битка.

Битката со коронавирусот ќе ја издвојуваме затоа што зависи од сите.

На заболените им посакувам брз оздравување.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!