Стопанска банка АД Скопје и општина Крушево привршуваат со работа на детското игралиште на „Гумење“

Привршува реконструкцијата на детското игралиште на „Гумење“ кое беше оштетено и несоодветно за користење на младите. Ова игралиште се наоѓа веднаш до спомен куќата „Тодор Проески“ и истото е санирано со поддршка на општествено одговорната Стопанска банка АД Скопје.

„Најпрво, огромна благодарност до Стопанска банка АД Скопје за спроведување на оваа активност и за поддршката која ни ја дадоа во реконструкцијата на ова игралиште. Банката уште еднаш покажа дека е општествено одговорна и дека се труди преку своите активности да отвора можности за младите и да решава проблеми кои се од поширок интерес.

Како што се заблагодарувам на Стопанска банка АД Скопје така сакам и да апелирам до моите сограѓани ова детско игралиште заеднички да го одржуваме, да го зачуваме затоа што останува за нас и се што се прави се прави за најмладите, за нашите деца, за сите граѓани на општина Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Игралиштето е со нов изглед, безбедно за користење и со подобро уредена околина благодарени на заложбата на општина Крушево и општествено одговорната Стопанска банка АД Скопје. Погледнете ги фотографиите подолу.