Честитка на градоначалникот до полуматурантите

Драги полуматуранти,

Заокружувате една од почетните фази на вашиот живот во време на поинаква нормалност која бара од вас повеќе да внимавате на себе, на своите другари, на своите блиски.

Затоа сте и успешни. Го завршувате вашето основно образование и смело се насочувате кон продолжување на образованието, изградба на личноста и градење на кариера на која ќе бидеме сите горди.

Сакам да ви ја честитам полуматурата и да ви посакам да ве прати успех како и до сега, а вашата амбиција да расте од ден во ден. Како што вие ќе растете и ќе се развивате така општина Крушево ќе биде горда на вас.

Ви посакувам успех, здравје, среќа и многу љубов. Останете одговорни и како најмлади бидете пример во носењето лична заштитна опрема, во избегнување на групирањата и редовна дезинфекција.

Ваш градоначалник,
Томе Христоски.