Улицата на Тоше се разубавува

Голем број на волонтерки од здруженијата дел од Платформата за развој на туризмот, ОО Црвен Крст Крушево и други волонтерки продолжуваат со работа на Улицата на Тоше.

„Улицата изгледа прекрасно. Богата е со цвеќиња и зачинета со песните на Тоше. Продолжуваме со работа и убавиот изглед е заслуга најмногу на волонтерите кои работат со наша асистенција. Апелирам до моите сограѓани ова да го чуваме и одржуваме заедно и Улицата на нашиот Тоше да биде најубавата во Крушево“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!