Општината набавува нови 49 контејнери

Преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП општина Крушево ќе набави 49 контејнери за дел од населените места во Крушево. Грантот изнесува 981 844 денари, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го потпиша

„Продолжуваме со проекти и активности кои ја унапредуваат хигиената во градот и во населените места. Досега набавивме околу 30 контејнери, а покрај оваа набавка во тек е уште една за нови 15. Потоа, обезбедивме повеќе од 400 корпи за отпад, обезбедивме нов камион за отпад, камион за чистење и метење – метларка, нов трактор кој се користи во зимскиот период и организиравме неколку акции за чистење за подигнување на свеста за потребата од чиста и здрава животна средина.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по потпишување на договорот.

Набавката е дел од Проектот за подобрување на општинските услуги имплементиран од Министерството за финансии и општина Крушево.