Започна реконструкцијата на патот Крушево – Пуста Река

Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Крушево до с. Пуста Река, проект финансиран и имплементиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и општина Крушево.

Фирмата изведувач започна со гребење на асфалтот, а идната недела се очекува асфалтирање.

„По 45 години го реконструираме овој пат. Овој проект е еден од многуте кои ги имплементираме на цела територија на општина Крушево и со тоа покажуваме дека работиме во секој дел од општината. Работиме во градот и сме имплементирале активности и проекти во сите села.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.