Честит ден на Св. Кирил и Методиј

Почитувани,

Денес е 24 мај, денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Го одбележуваме овој ден како почеток на нашата писменост, создавање на основата за нашата азбука, а со тоа и нашиот јазик. Продолжуваме со негување на сите азбуки и почитување на сите јазици, затоа што само така ќе имаме меѓусебно разбирање и почит.

Да го одбележуваме овој ден уште долго, да работиме заеднички на нашиот јазик, нашата азбука кои се дел од нашиот идентитет.

Нека е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!