Честитка на градоначалникот по повод Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓани и припадници од Исламска вероисповест,

Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желби за мир, спокојство, здравје и многу љубов.

Тоа што не сте во храмовите не значи дека пораките за мир и меѓусебно разбирање не се испраќаат и немаат моќ. Токму напротив, Вашата посветеност и истрајност се уште еден показател за добрите мисли и добрите дела.

Нека е за многу години!