Започна изградбата на резервоар за вода во Белушино

Започна изградбата на резервоар за вода во с. Белушино проект кој треба да обезбеди доволно вода за ова населено место и да ги реши сите проблеми со водоснабдувањето.

„Пак ќе повторам – резервоарот во Белушино е ветуван со децении, но еве дури денес се реализира. Ова населено место е без резервоар и се соочува со проблеми со водоснабдување, но за скоро проблемот ќе биде надминат. Се заблагодарувам на сограѓаните од ова село за нивното трпение. Конечно нивните барање се реализираат“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Изградбата на резервоарот за вода чини 2 601 900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.