Честитка на градоначалникот до матурантите

Драги ученици,

Ја завршувате оваа учебна година, го завршувате вашето средно образование и позади себе оставате многу спомени на кои долго ќе се сеќавате. Сакам да ви честитам за тоа. Вие сте успешни млади луѓе, со јасна визија и амбиција пред себе. Пред вас е пат кој, силно верувам, ќе ве направи успешни. Да знаете, горд сум на вас и Крушево, исто така, се гордее со вас.

Го заокружувате вашето средно образование во вонредни услови и во една поинаква нормала. Сакам да ви честитам и за тоа. Затоа што покажавте дека сте истрајни, одговорни и упорни да постигнувате успеси и во едно несекојдневно време како ова.

Нема да чекорите по црвениот тепих и со цвет во рацете за девојките како минатите години, но исто како да сте го направиле тоа. Вашиот успех значи исто како да сте чекореле по многу црвени теписи и цветови во вашите раце.

Не застанувајте тука! Продолжете да бидете амбициозни и не се откажувајте од вашите цели. Не го заборавајте и Крушево затоа што вашиот град, вашата општина ќе бидат секогаш тука за вас. Со вашиот успех вие придонесувате многу за нашата општина. Очекувам тоа да го правите и во иднина.

Ви честитам за годините поминати во СОУ „Наум Наумовски Борче“. Ви посакувам да ве следи успех, здравје, многу љубов и среќа.

Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.