Уредување на улица Тодор Проески – Фаза 1

Со посадување на дрвца се спроведе првата фаза од уредување на дел од улицата Тодор Проески во центарот на Крушево. Членките на здруженијата од платформата за развој на туризмот ќе продолжaт со засадување на цвеќиња, а општина Крушево започна со инсталација на систем за озвучување од кој 24 часа ќе се слушаат песните на Тоше Проески.

„Оваа улица сакаме да ја разубавиме и да ја направиме улицата на Тоше. Истата се наоѓа во центарот на градот и ќе биде разубавена и атрактивна за посетителите на нашиот град. Сакам да се заблагодарам на сите волонтери, а особено не членките на здруженијата Центар за хумани односи, Крушевска жена и Здружение за туризам и угостителство за нивниот придонес во уредувањето на улицата“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.