Привршува изградбата на пат до Крушевско Езеро

Изградбата на пат до Крушевско Езеро е во завршна фаза и по асфалтирањето се работи на тротоарите.

„Од кал и прашина создаваме асфалт и полесен пристап за граѓаните до едно од најубавите места во Крушево Крушевското Езеро. Сега патот е пристапен за земјоделците кои во овој предел имаат свои оработливи површини, потоа со овој пат се олеснува движењето на лицата со посебни потребни, спортисти и организациите на фестивалите на отворено.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Асфалтирањето на патот до Крушевско Езеро и уредувањето на овој простор изнесува 11 981 547 денари и истиот е финансиран од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!