ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Крушево за 2020 година

Согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен  весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Крушево го издава следното :

С О О П Ш Т Е Н И Е

СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите  заинтересирани  правни и физички лица на Општина Крушево дека Градоначалникот на Општина Крушево  донесе Одлука за распишување на

ЈАВЕН  ПОВИК

за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на  Општина Крушево за 2020 година

Сите заинтересирани правни и физички лица во текот на јавниот повик  може да достават иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 став (1) точка 2 алинеја 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен  весник на Република Македонија“ бр.199/14,  44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18).

Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план со образложение за бараната измена и предлог на плански опфат од подносителот на иницијативата.

Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Крушево или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам.

За доставените иницијативи  подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите.

Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Крушево, www. krusevo.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам,  во службеното гласило на општината, во дневен весник на македонски јазик и дневен весник на албански јазик.

Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

Јавниот повик ќе трае 33 дена во период од 14.05.2020 година до 15.06.2020 година.
 

Број 09-522/2

12.05.2020 година

Крушево 

            Општина Крушево

    Градоначалник,

                       ____________________

                                                                                               м-р Томе Христоски