Уредување на патот Крушево – Пуста Река, се очекува асфалтирање

Се интензивираат активностите на патот Крушево – Пуста Река и во втората половина од месец мај се очекува отпочнување со асфалтирање.

ЈП „Комуна“ работи на расчистување и проширување на постоечкиот пат, а ќе се изврши и миење на делницата од страна на ТППЕ Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи се заблагодари на Јавното претпријатие за државни патишта што го реконструира овој пат по цели 45 години.

„Благодарност до ЈПДП заради изградбата и интензивирањето на работите на регионалниот пат од Крушево до с.Пуста Река.
После 45 години!
Испишуваме нова убава историја за општина Крушево, за нашето обновено Крушево.“, напиша градоначалникот Христоски.

Линк до видео од работата на терен: https://www.facebook.com/tome.hristoski/videos/pcb.10221954553634185/10221954552834165/?type=3&theater