Се коси во центарот и се уредува просторот околу сувенирниците

Продолжува уредувањето на центарот на градот со косење на трева и уредување на просторот на „Гумење“ околу сувенирниците.

Косењето на трева започнува од околината на Фондот за здравство во Крушево и продолжува низ центарот на градот и секаде каде што за тоа во моментот има потреба.

Исто така, се работи на уредување на просторот околу сувенирниците на „Гумење“ и со тоа се подготвува просторот за изнајмување и користење на овие објекти.

Претходно „Комуна“ расчистуваше во градскиот парк и заедно со ПСШ „Липа“ засадија дрвца на неколку локации, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски најави дека ќе се уредува дел од улицата Тодор Проески.