Проекти во 2020

Во 2020 година општина Крушево имплементира неколку проекти, а до крајот на годината се планираат нови.

Реализирани

  1. Набавка на камион за чистење и метење, косилка и 21 контејнер
  2. Уредување на дворно место во подрачното училиште ООУ „Никола Карев“ во с. Норово
  3. Реконструирана спортска сала
  4. Дограден цевковод во с. Саждево
  5. Тампонирани улици во населените места

Планирани

  1. Реконструкција на 10 локални улици
  2. Реконструкција на регионален пат од Крушево до с. Пуста Река
  3. Реконструкција на регионален пат од Крушево до с. Сладуево
  4. Реконструкција на регионален пат Крушево – Кривогаштани
  5. Изградба на резервоар за вода во с. Белушино
  6. Изградба на канализација во с. Пресил
  7. Изградба на игралиште за мал фудбал во маалот „Струнга“, град Крушево
  8. Завршување со изградба на вечно почивалиште на Тоше Проески
  9. Инсталација на систем за греење и ладење во спортска сала Крушево
  10. Изработка на проект за гасификација на Крушево
  11. Изработка на стратегија за туризам
  12. Поставување на нова вештачка трева во параглајдинг центар Крушево
  13. Изградба на објект во параглајдинг центар Крушево
  14. Имплементирање на проект „Зајакнување на општински совети“
  15. Набавка на 25 контејнери
  16. Реконструкција на пат до с. Саждево, прва делница
  17. Реконструкција на дел од улица Питу Гули