Објавен тендер за надзор над изградба на дел од инфраструктура на полетиштето

По завршување на јавната набавка за избор на изведувач за изградба на дел од инфраструктура на полетувалиште за параглајдинг во Крушево општина Крушево го објавува тендерот за надзор.

Огласот за јавна набавка на услуги за технички надзор над изградба на дел од инфраструктура во центарот за параглајдинг во Крушево е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки.

Огласот е објавен на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/bcf75525-a65d-4aac-9257-db708f23f5b7/13