Продолжува дезинфекцијата, од денес со работа почнуваат волонтерите

Денес општина Крушево продолжи со дезинфекција на здравствениот дом, полициската станица, ТППЕ Крушево, банките во градот и поштата.

Ова е веќе трета фаза на дезинфекција во општина Крушево, а ќе се продолжи и во наредниот период.

Исто така, од денеска 8-те лица ангажирани за помош на стари и изнемоштени, лица со посебни потреби и лица во социјален ризик започнуваат со работа. За нив е обезбедена неопходна заштитна опрема. Оваа активност општина Крушево ја спроведува заедно со Програмата за развој на Обединетите Нации.