Соопштение на градоначалникот Христоски за изработката на заштитни визири

Почитувани,

Како градоначалник на општина Крушево и во име на сите граѓани на општина Крушево сакам да се заблагодарам на ентузијастите Михајло Фити, Петар Начески, Бојан Ќушкоски и Благоја Ѓорѓиоски за изработката на заштитни визири.

Изработките ќе бидат на користење на институции, локални продавници и други граѓани како дел од опремата за заштита и дел од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.

Овие четворица ентузијасти ги искористија своите потенцијал и желба да придонесат за нашата општина и за сите нас да се заштитиме од опасноста од вирусот. Придонесот на овие наши сограѓани е собено значаен во ова време, во време кога демне опасност од вирус кој знае да одзема и животи.

Сакам да им се заблагодарам што своето слободно време го инвестираат во изработка на заштитни визири за оние на кои им е најпотребно.

Вие, драги мои сограѓани, заслужувате голема пофалба за вашата работа, а вашат иновативност е дел од силната желба да помогнете за Крушево и крушевчани. благоја ѓорѓиоски

Со почит,
Градоначалник на општина Крушево
Томе Христоски.