Уште 25 нови контејнери за општина Крушево

Објавен е тендер за набавка на 25 контејнери за општина Крушево. Оваа јавна набавка се спроведува заедно со организацијата ЛАГ Агро Лидер.

Тендерот можете да го погледнете на Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices

Ова е втора набавка на контејнери после набавката на 21 контејнер заедно со камион за метење и чистење и косилка.