По големите наноси на снег – чисти и проодни улици

Од вчера утрото, 01.04.2020г., интензивно се чистат улиците и патиштата на територија на општина Крушево по големите наноси на снег.

Во текот на вчерашниот ден најпрво беа исчистени и проодни патиштата до населените места Арилево, Дивјаци и Пуста Река, а до вечерните часови се исчистија и улиците во градот.

Доцна во ноќта ЈКП „Комуна“ работеше во останатите населени места и сите патишта се проодни. Во текот на денешниот ден ќе се заврши со чистење во селата Врбоец, Бучин, Св. Митрани и Пресил.

Исто така, сите пристапи до град Крушево се целосно исчистени.