Реализирани проекти во областа на инфраструктурата

Во областа на инфраструктурата во општина Крушево се реализирани повеќе проекти:

1. Изградба на викенд населба „Вршник“ – изградени канализација и водовод, патот е пробиен и тампониран.

2. Обновени и  и конзервирани фасадите  на објекти кои се прогласени како заштитено културно наследство  – завршени проекти: 2 куќи целосно санирани и реновирани, саниран иконостасот црква св.Јован и завршена прва фаза на уште една куќа.

3. Реконструиран е кровот и заменета е фасадната столарија на  Здравствениот дом

4. Изграден е детски забавен парк

5. Реконструирани и поплочени  улици во градот и селата со гранитна коцка

– централното градско подрачје – површина 370м2

– ул. „Таќа Бербер“ површина 700m2.

ул. „Томе Никле“ површина 564m2.

ул. „Мише Ефтим“ површина 260m2.

ул. „Никола Карев“ површина 130m2.

ул. „Благо Целев“ површина 800m2.

– ул. „Киро Фетак“ површина 350m2.

– ул. „Нико Доага“ површина 66 m2.

– с. Врбоец – површина 185m2

– с. Норово – површина 175m2.

– с. Пуста Река – површина 285m2.

– с. Свето Митрани – површина 460 m2

6. Партерно е уреден споменикот на Наум Наумоски Борче

7.  Санирани дупките на локалните улици

8. Реконструиран локален пат с.Кривогаштани – с.Светомитрани – с.Бучин во должина од 5км

9.  Дозавршена изградбата на канализација во с.Врбоец

10. Изградено детско игралиште во с.Бучин

11. Тампонирани 5км полски патишта во с. Бучин

12. Поставени се канализациони цевки во должина од 40 метри за прифаќање на отпадни води пред основното училиште во с.Саждево

13. Поставени канализациони цевки во должина од 50 метри за прифаќање на отпадните води во с. Пресил, изграден е потпорен ѕид и нивелирана е подлога за изградба на детско игралиште

14. Како прва етапа во тампонирањето на локалниот пат Борино – Житоше се врши ископ на канал покрај патот во должина од 400м заради заштита на патот, одводнување на атмосферските води и овозможување услови за понатамошна работа.