Се дезинфицира во Крушево

Денес, 19.03.2020г., се врши дезинфекција на неколку институции во општина Крушево. Заводот за јавно здравје од Прилеп врши дезинфекција на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, ООУ „Никола Карев“, ЈОУГД „Гонча Туфа“, Фондот за здравство во Крушево, Агенција за вработување и локална самоуправа.

Со оваа активност продолжува процесот на преземање мерки за спречување на ширење на корона вирусот. Претходно се чистеше центарот на градот, Црвениот крст објави повик за волонтери кои ќе помагаат во набавка на неопходни производи за стари и изнемоштени лица, градоначалникот ги откажа отворените денови, пазарот престанува со работа, скратено е работното време во локалната и други државни институции, општината отвори телефонски линии за помош на старите лица, но и за итни потреби на сите граѓани, Народната кујна ќе ја доставува храната до домовите на примателите и други мерки.