Од руина до професионална и надградена спортска сала

Спортската сала во Крушево изгледа многу поразлично од онаа состојба во 2016-та и 2017-та година кога истата беше оставена без надзор да се уништува, што е видливо од сликите. Денес салата изгледа поинаку по нејзината реконструкција и создавањето на нови содржини во неа.

Спортската сала „Ѓорѓи Стојанов“ покрај целосната реконструкција денес има обезбеден фитнес простор, карпа за искачување, нова спортска опрема, а допрва ќе се поставува систем за греење и ладење.

„Го променивме ликот на спортската сала на „Гумење“. Од една руина денес салата е оспособена за повеќе спортови, за авантуристички туристи и со воспоставен долготраен систем на одржување. Во оваа сала се организирале државни и меѓународни натпревари во повеќе спортови и денес го враќаме тој сјај.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Спортската сала се реконструира и се проширува нејзината намена во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, финансиран од ЕУ преку програмата ИПА 2, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вице премиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.