ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ

1. Во СОУ „Наум Наумоски Борче“:
– заменети се 50 прозори и врати со ПВЦ дограма, проект на УСАИД во соработка со локалната самоуправа
– безусловна поддршка за реализирање на ученичкиот натпревар во различни категории за учениците од средните стручни училишта од цела Македонија – „Образовно рандеву“ инициран од МАССУМ.
– спонзорирање на учениците за настап на меѓународниот фестивал „Утринска Ѕвезда“ во Банско
– добиен проектот на Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) во соработка со УСАИД и заради реализација на целите на овој проект е преадаптиран простор во училиштето и пренаменет за кариерен центар, кој е уреден со опрема, а следните чекори се кон воведување на кариерното советување. Кариерниот центар ќе биде наменет за учениците, за нивно правилно насочување кон идната професија.

2. Засадени 40 зимзелени украсни садници во училишните дворови

3. Доделени стипендии на два студенти од социјално-загрозени семејства

4. Организиран превоз за присуство на учениците од подрачните училишта во с.Бучин, с. Пресил, с. Милошево, с. Саждево, с. Норово, с. Борино за присуство на манифестации намените за најмладите во рамките на проектот „Крушево град на културата“.

5. Изградено ново училиште во с. Свето Митрани.

6. Извршено комплетно реновирање на училиштето во с.Норово и тоа
– заменета надворешната и внатрешната столарија со ПВЦ врати и прозори
– извршено надворешно и внатрешно молерисување
– комплетно е заменет училишниот прибор: клупи, столчиња, табли
– изградени и поплочени две пристапни патеки до училиштето со површина од 180м2
– изградена нова водоводна линија која доаѓа до училиштето директно од резервоарот во должина од 350м.

7. Извршено внатрешно молерисување на училиштето и комплетно е реновирана и опремена една училница преку проект на ООУ „Никола Карев“ и НВО-ја Нансен Дијалог Центар.

8. Изградена пристапна пешачка патека до училиштето во с.Врбоец со вкупна површина од 180м2.

9. Во тек е комплетно спонзорирање на печатењето и издавањето на книги првенци на две наши ученички.

10. Во тек е изработка на планска документација и проект за изградба на ново училиште во с. Јакреново и реновирање и изградба на нова училница во с.Саждево.

1