ОБНОВЕНО Препораки и задолженија од седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување

ОБНОВЕНО Телефонските броеви на општина Крушево
048/ 477 061 и 048/477 046 функционираат од 08:00 до 13:30 часот заради скратеното работно време на локалната самоуправа како уште една мерка за спречување од ширење на корона вирусот. Останатите телефонски броеви остануваат достапни во текот на цело деноноќие:
048/ 476 493 и 193

На 15.03.2020г. во просториите на општина Крушево се одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на кој беа донесени неколку заклучоци заедно со препораки и задолженија на локалните институции во однос на справувањето со кризата со вирусот Корона.

Во продолжение ги проследуваме донесените заклучоци.

  1. Во пазарните денови, односно понеделник и четврток нормално ќе функционира пазарот со препорака да не се создаваат поголеми собири на граѓаните и да нема задржување во објектот во пазарот подолго време.
  2. Градоначалникот на општина Крушево ги откажува отворените денови за прием на странки во кабинетот се додека трае ваквата состојба, додека за итни потреби граѓаните можат да ја контактираат локалната самоуправа и градоначалникот на следните телефонски броеви: 048/ 477 061 и 048/477 046
  3. Се објавуваат телефонски броеви за помош на стари изнемоштени лица кои не можат да излегуваат од своите домови, а им е потребна помош –
    048/ 477 061 и 048/477 046 кои функционираат до 16 часот и ТППЕ Крушево 048/ 476 493 и 193 кои функционираат во текот на цело деноноќие
  4. Народната кујна во општина Крушево ќе доставува сува храна три пати во неделата на лицата кои ја користат оваа услуга.
  5. Здравствениот дом во Крушево информира дека се откажуваат специјалистички прегледи закажани во овој период и сите други прегледи кои не се итни да се избегнуваат и граѓаните да се јавуваат во Заводот за јавно здравје во Прилеп на следниот телефонски број: 076/475 747
  6. ОВР Крушево ќе ја одвива работата нормално со засилени мерки за сузбивање на поголеми групи на граѓани.
  7. Се задолжуваат сите институции кои спаѓаат под локалната самоуправа да извршат дезинфекција во седиштата на сите институции и училиштата пред почетокот на наставата. Локалната самоуправа да асистира во извршувањето на оваа обврска.
  8. Локалната самоуправа ќе асистира во набавка на средства за дезинфекција и на другите органи на општината.
  9. Се задолжуваат основните училишта и средното општинско училиште на територијата на општина Крушево да изнајдат алтернативни начини за изведување на настава преку електронско учење додека трае забраната.
  10. Се задолжуваат превозниците секојдневно
    да ги дезинфицираат превозните средства на територијата на општина Крушево.
  11. Секој граѓанин да се грижи за своите животни и да се одржува нивна хигиена.
  12. Општинскиот штаб за заштита и спасување упатува апел до граѓаните на општина Крушево да се почитуваат препораките од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
  13. Се задолжува Одделението за администрирање на приходи во општина Крушево да изврши комуникација со сите приватни сместувачки капацитети и да им укаже за препораките за прекин на услуги кон потенцијални туристи во овој период се додека е на сила препораката и на приватните сместувачки капацитети им се препорачува да го следат примерот на хотелите.
  14. Апел да се избегнуваат собири на граѓани во продавниците во околните села во општина Крушево.

На Општинскиoт штаб за заштита и спасување присуствуваа следните претставници од институции и организации:

  1. Томе Христоски
  2. Тома Петроски
  3. Оливера Чавкар
  4. Ѓорѓи Бурак
  5. Шули Ангелески
  6. Вангел Трајчулески
  7. Зорица Трајчулеска
  8. Никола Божиноски
  9. Наум Илиески
  10. Оливера Чавкароска
  11. Снежана Миленковска
  12. Тасески Ташули
  13. Коста Мицкоски
  14. Софија Николоска
  15. Шули Доага
  16. Захарина Христоска
  17. Хрисула Кузманоска
  18. Кире Сотироски
  19. Таки Петроски
Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!