Во петок и сабота 4-та обука за советот на Крушево

Девет советници од Советот на општина Крушево во петок и сабота, 13-ти и 14-ти март, ќе учествуваат на обука на тема: „Финансиски извештаи на ЕЛС и нивна анализа“.

Ова е четврта обука која советниците ќе ја проследат, а обуките се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“
вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!