Ќе се реконструираат улици во град Крушево, потпишан Меморандум за соработка

Денес, 02.03.2020г., градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потпиша меморандум за соработка со Министерство за транспорт и врски за проектот за поврзување на локални патишта. За општина Крушево се доделени 621 илјади евра и истите ќе опфатат реконструкција на поголемите улици во град Крушево.

„Добиваме средства за реконструкција на локални улици во град Крушево и заедно со Министерство за транспорт и врски продолжуваме со работа на инфраструктурата во општината. Со добиените средства ќе реконструираме дел од поголемите локални улици во градот и со тоа оштетените улици ќе добијат поинаков лик.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Потпишаниот меморандум за соработка е дел од Договорот за заем за Проектот за поврзување на локални патишта бр. 9034 – МК потпишан на 23.12.2019 помеѓу Министерството за транспорт и врски и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, во согласност со Законот за задолжување на Република Северна Македонија.