Крушево на саем во Белград

Општина Крушево од денес, 20.02.2020, до недела, 23.02.2020, е дел од саемот за туризам во Белград каде што се претставува Крушево како дестинација за авантуристички туризам.

На штандот на општина Крушево ќе се презентираат изработени брошури за Крушево, а ресторан Шапе, Вила Кола и хотел Панорама исто така со свој промотивен материјал ќе се претстават на саемот.

Претходно Крушево присуствуваше на саемот во Софија, Бугарија, а со своја промоција ќе се претстави и на саемот во Загреб, Хрватска, во месец март.