9 советници ја проследија првата обука во проектот „Зајакнување на општинските совети“

Девет советници од Советот на општина Крушево ја проследија првата обука, Модул 1, која се одржа во Битола, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Обуката се одржа на 14-ти и 15-ти февруари и опфати теми како партиципативност, транспрентност на советите, креирање на граѓански буџет, односите со јавност на советите и др.

Во рамки на проектот советниците од советот на општина Крушево ќе проследат неколку модули и ќе обработуваат различни теми. Наредната обука е предвидена за 21-ви и 22-ри февруари исто така во Битола на тема „Процес на буџетирање“.

Обуките се дел од проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.