Општина Крушево во Софија на саем за туризам

Како и во 2019 така и оваа година општина Крушево во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се претставува на саемот во Софија, Бугарија. Учеството на овој саем е дел од промоцијата која ја врши локалната самоуправа со поддршка на Агенцијата и во соработка со угостителскиот сектор од Крушево.

На саемот, кој започнува денес и ќе трае до 15-ти февруари, се изложени и промотивни материјали од вила Кола и ресторан Шапе, по спроведението јавен повик до локалните угостители за учество со свој материјал на саемот.

„ Општина Крушево со своите можности и потенцијали се промовира со свој штанд на меѓународниот саем за туризам во Софија од 13-15.02.2020 година. Учеството на овој саем еден чекор кон туристичкиот развој на нашата општина. “, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјаланта мрежа „Фејсбук“.

Годинава општина Крушево покрај во Софија ќе го посети саемот во Белград, Србија, а свој материјал ќе изложи и на саемот во Загреб, Хрватска, во месец март.