Утре започнува When in Krusevo – Winter is Here, Крушево дочекува многу туристи

Утре (14.02.2020) започнува фестивалот When in Krusevo – Winter is Here, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од цела држава.

Ова е второ издание на фестивалот и истиот носи по неколку илјади туристи во Крушево секоја година благодарение на содржини како планинарење, тандем параглајдинг, музички забави и друго.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски смета дека When in Krusevo има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

„Досега имавме неколку изданија на летното и зимското When in Krusevo, настан кој општина Крушево активно го поддржува заради тоа што истиот покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6 000 туристи во нашиот град. Ги покануваме сите да не’ посетат претстојниот викенд“, изјави градоначалникот Христоски.

Целосната агенда за настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/889126964934678/