Заедничка работа за единствена туристичка понуда

Во хотел Панорама Спа во Крушево денес, 27.01.2020, се одржа состанок меѓу претставници од институции, здруженија и приватен сектор на тема еко туризам, кои претходно изразиле желба да придонесат кон почиста животна средина.

Ова не е прв ваков состанок во организација на Macedonia Welcome Center „Добредојте Македонија“ кој има за цел да креира партнерство и соработка меѓу засегнати страни од областа на туризмот од Крушево., а во фокусот ја има пред се чистотата на животната средина.

Како производ од овој состанок треба да произлезе еден заеднички пристап на засегнатите страни присутни во Крушево кој ќе креира сеопфатна туристичка понуда.