12-ти роденден на дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби

Во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево денес (24.01.2020) се одбележа 12-годишното постоењето на институцијата. На одбележувањето присуствуваше советничката во Советот на општина Крушево Евгенија Јуца, претставници од локалната самоуправа, како и Лајонс клубот од Крушево и млади од општинската организација на Црвен Крст во Крушево.

Општина Крушево, Лајонс клубот и Црвен Крст се долгогодишни поддржувачи на Дневниот центар и затоа денешниот ден беше одбележан заеднички.

Општина Крушево организира многу активности заедно со Центарот, а на подарувањето на пакетчиња по повод православна Нова година градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека локалната самоуправа ќе продолжи да го поддржува центарот.