Уредување на простор и асфалтирање на пат до Крушевско Езеро – реализирани проекти во 2019

Во 2019 година општина Крушево отпочна со уредување на простор и асфалтирање на патот околу стадионот на фудбалскиот клуб „Питу Гули“, спортските игралишта се до Крушевско Езеро. Целиот проект чини речиси 12 милиони денари, а целосната реализација се очекува до втората половина од годината.

Овој проект е тесно поврзан со изработката на деталниот и генералниот урбанистички план со оглед на фактот дека во овој дел е предвидена викенд зона во која ќе можат да се градат туристички објекти, викенд куќички и да се закупуваат парцели.

Асфалтирањето на патот до езерото е и на барање на организаторите на фестивалите на отворено, тури во планински велосипедизам и планинарење, турнири во фудбал, спортски клубови кои тука одржуваат припреми во летниот период, самиот фудбалски клуб „Питу Гули“ и други.

*Овој напис е дел од серијата објави за реализирани проекти и активности на општина Крушево во 2019 година

Линк до реализирани проекти: https://krusevo.gov.mk/?p=10455