Со проект од АЛДА општината ја изработи стратегијата за млади – Граѓански организации во служба на локалната демократија

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски На 22.01.2020 присуствуваше на завршната конференција на организацијата АЛДА под наслов „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Градоначалникот Христоски зборуваше за соработката со невладиниот сектор во Крушево, а особено се осврна на веќе имплементираниот проект за изработка на Стратегија за млади со организацијата на млади „Совет на млади“ Прилеп.

Општина Крушево е прва општина во државата која изработи Локална младинска стратегија со вклучување на млади, граѓански организации, претставници од институции и партиски подмладоци, а по изработката се состави и функционира т.н. „ко-менаџмент“ тело за следење на имплементацијата на стратегијата. За изработката на стратегијата општината и Совет на млади Прилеп аплицираше за средства до АЛДА.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!