Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

Претставници од Македонско здружение на млади претставници на 17.01.2020 ја посетија општина Крушево и споделија корисни информации за правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела.

Доколку сте жртва на насилство или познавате некој кој трпи насилство, но нема храброст истото да го пријави побарајте поддршка и информирајте се за своите права на „Фејсбук“ страницата, Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела’’, на интернет страницата www.pristapdopravda.mk или на поважните телефони за помош и поддршка:
075/235-837 или 071/277-180
02/3220-870 или 02/3290-180

Ваквата поддршка е овозможена преку Проектот ,,Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела’’ спроведуван од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со СОС Детско село, а финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ- Сектор за централно финансирање и склучување на договори во рамки на програмата – Strengthening the impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014, EuropeAid/159467/ID/ACT/MK. 

Официјалниот постер на проектот и сите потребни информации се изложени на неколку локации во град Крушево и во зградата на општина Крушево.