Опремување на ЈП „Комуна“ – реализирани проекти во 2019

Во 2019 година општина Крушево набави и стави во употреба неколку комунални возила во функција на подобрување на капацитетите на ЈКП „Комуна“.

Во 2019 година во употреба беше ставен новиот камион за отпад, а општината обезбеди донации на ровокопач и трактор со плуг за снег и соларка.

Но, општината продолжува да го опремува јавното комунално претпријатие во насока на подобрување на услугата кон граѓаните, одржување на јавната хигиена, зимско одржување на улиците и друго.

Покрај наведените проекти општината обезбеди 400 корпи за отпад и 7 контејнери, а во тек е набавка на камион за чистење и метење – метларка, 21 контејнер и косилка.

*Овој напис е дел од серијата објави за реализирани проекти и активности на општина Крушево во 2019 година

Линк до реализирани проекти: https://krusevo.gov.mk/?p=10455