Одбележан празникот Водици 2020 во Крушево, Врбоец и Св. Митрани

Најсреќниот при спуштањето на светиот крст во водите на Крушевско Езеро беше Велче Матески кој од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски доби подарок и честитки за мир, среќа и успех.

Сите учесници добија икони, а градоначалникот Томе Христоски ги посети и населените места Врбоец и Св. Митрани каде што исто така се одбележуваше христијанскиот празник Водици.