When in Krusevo – Winter is Here од 14 до 16 февруари

Од 14-ти до 16-ти февруари во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено When in Krusevo – Winter is Here 2020. Ова е второ издание на овој фестивал и истиот вклучува рекреативна пешачка тура, зимско јавање на коњи, фото тура, зимски тандем параглајдинг, дегустација на уникатни крушевски специјалитети и секако чист воздух.

„Покрај ваквото рекреативно дружење секако дека не ја изоставивме и забавата. Предвидени се подиуми на ски терените како и во ресторан Алто со различни жанрови на музика, за да биде задоволен сечиј вкус на нашите посетители, за кои ќе се погрижат нашите локални DJ-и. Забавата ќе продолжи и во локалните крушевски барови Old School и Клуб Планет, каде што ќе настапуваат многу DJ-и  како и познатиот бенд Invictus.“, велат од здружението Аутдор Манифест кое се јавува како организатор на фестивалот.

Цената на билетот изнесува 500 денари и со самото купување на билетот секој учесник добива голем попуст за сместување во вилите и хотелите во Крушево, кои можете да ги погледнете на официјалната веб страна на фестивалот: http://winter.wheninkrusevo.mk/.

Покрај овој попуст за сместување со билетот доаѓаат и уште многу неверојатни понуди како тандем зимски параглајдин за само 1800 денари, зимско јавање на коњи за 500 денари, како и обезбедување на одличен попуст за дневна ски карта и бесплатен влез на ноќните журки.

Картите се во продажба и можете да ги набавите преку продажната мрежа на MK Tickets: https://mktickets.mk/, како и на платформата за outdoor активности When in X: :https://www.wheninx.com/.


Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!