Повик за учество на два меѓународни саеми со промотивен материјал

Почитувани угостители од општина Крушево,

Општина Крушево оваа година ќе посети два меѓународни туристички саеми и тоа во Софија, Бугарија, Holiday & Spa Expo, од 13.02 до 15.02.2020 и во Белград, Србија, Sajam turizma, од 20.02 до 23.02.2020.

Општина Крушево ги повикува сите сопственици на угостителски објекти – ресторани, пицерии, кафулиња, хотели, вили, апартмани и други – да достават промотивен материјал до општина Крушево, најдоцна до 11.02.2020 година, во просториите на локалната самоуправа за истите да бидат изложени на двата саеми.

На наведените саеми општина Крушево ќе изложи свој материјал кој се состои во брошури, флаери и мапи од град Крушево, но за промоција на посебни угостителски субјекти од Крушево пожелно е угостителите да достават свој промотивен материјал за меѓународна промоција на Крушево и угостителските субјекти.

Со почит,
Општина Крушево.