Постојана промоција на Крушево – реализирани проекти во 2019

Во 2019 година општина Крушево ги спроведе следните активности од аспект на туристичка промоција:

  1. Општина Крушево изработи промотивен материјал за промоција на Крушево, преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Тоа вклучува:
  • Брошури
  • Флаери
  • Мапи на град Крушево
  • Видео

2. Општината во 2019 се промовираше на саемите во Белград, Србија, Софија, Бугарија, и Загреб, Хрватска.

3. Локалната самоуправа врши постојана промоција на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“.

4. Локалната самоуправа во 2019 и во 2020 година се промовира во изданието на агенцијата Балканика „Бизнис адресар на Северна Македонија 2019“ и „онлајн“ на официјалниот веб сајт на Балканика. Презентацијата за Крушево досега има над 25 000 прегледи.

5. Присуство во светски медиуми: The Economist, National Geographic хрватската телевизија РТЛ.

6. Локалната остварува постојана комуникација со медиумите од државата за подобро комуницирање на информациите за туризмот.

*Овој напис е дел од серијата објави за реализирани проекти и активност во 2019 година

Линк до реализирани проекти: https://krusevo.gov.mk/?p=10455