Пакетчиња за децата во згрижувачки семејства и Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби

По повод Стара Нова година, односно православна Нова година градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски подари пакетчиња за децата и млади од Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби.

„Како за Нова година, традиционално, така и за Стара Нова година подаруваме пакетчиња на децата и младите од згрижувачки семејства. Како локална самоуправа ние ќе продолжиме да соработуваме со Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби, да ги одбележуваме добрите работи кои се случуваат и ја нудиме нашата поддршка за згрижувачките семејства.“, истакна градоначалникот на општина Крушево при посетата на Дневниот центар.

Пакетчињата се обезбедени во соработка со општествено одговорната компанија Витаминка.