Новогодишна честитка на градоначалникот Христоски

Почитувани,

Годината што изминува беше исклучително успешна за општина Крушево, за граѓаните, за нашата држава. Со тој дух на успех и ентузијазам влегуваме во Новата 2020 година за да поттикнеме уште поголем развој.

Во 2019 реализиравме проекти од многу области и го подобрувавме животот на граѓаните. Дел од проектите се реализираа целосно, дел чија имплементација е во тек и многу проекти кои ќе следат, за што ги уверувам граѓаните дека насекаде низ општината, низ градот и низ сите населени места, ќе се реализираат.

Реконструиравме улици, започнавме со изградба на гробното место на Тоше, асфалтираме пат до Крушевско Езеро, ги реконструиравме горната училишна зграда и спортската сала и директно ги помагавме граѓаните во рамки на нашите можности. По селата ги изградивме резервоарот за вода и патот од Борино до Житоше, во тек се цевководот во Саждево и пат од 2,5 километри, во Норово ја градиме фекалната канализација, реконструиравме улици и тампониравме во Алданци и Пресил, оспособивме градинка и го реконструиравме патот од Бучин до Воѓани.

Овие проекти се само дел од оние на кои сме посветени, а плановите за 2020 година се многу поголеми.

Посакувам во 2020 година да бидеме успешни како и годинава, да го негуваме заедничкиот живот и соживот, да бидеме пример за отвореност и доверба кај граѓаните, да го разубавуваме животот во општина Крушево. Заедно, сплотени и солидарни.

Ви посакувам Новата година да ви донесе голема среќа, љубов и благосостојба во семејството. На личен план ви посакувам професионален развој, голем успех на многу полиња и да знаете истиот ќе биде и успех на Крушево.

Среќна Нова година и новогодишни празници!

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!