Успех за ОУ „Никола Карев“ на конкурсот „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на доделувањето на наградите како дел од конкурсот „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“ организиран на иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработа, а имплементиран од општините Крушево и Кривогаштани, ООУ „Страѓо Пинџур“ и останати поддржувачи.

ООУ „Никола Карев“ Крушево доби неколку награди, а учениците се натпреваруваа со свои книжевни и уметнички креации како кратки раскази, стихотворби и цртежи. Градоначалникот на општина Крушево ја имаше честа да додели неколку награди на најуспешните на доделувањето кое се одржа во ОУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани.