Викторија Лоба за Нова година во Крушево

Општина Крушево пречекот на Новата 2020 година го организира со настап на македонската пејачка Викторија Лоба плус ди џеј сет. Забавата ќе се одржи на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ на 31.12.2019 со почеток во 21:30 часот.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи рече дека веќе се бара легло плус за новогодишните празници и Крушево го очекува уште една успешна зимска сезона.

„ Организираме одличен пречек на новата година со Викторија Лоба. Веќе се бара легло плус за Нова година во Крушево и ова ќе биде уште една успешна зимска сезона за нас. 31.12, 21:30, градски плоштад “Никола Мартиноски”, Викторија Лоба и ди џеј сет.“, напиша градоначалникот Христоски на „Фејсбук“.

Викторија Лоба настапуваше и на затворањето на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ на 10-ти август годинава.

Официјалниот постер е изработен од Теано Кардула.